Connect with us

Радовиш

Зградите во Паркот на младите во Радовиш после 5 децении во ново издание, во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата

Avatar

Published

на

Во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата на станбените згради во Паркот на младите во Радовиш. Проект кој го реализира Општина Радовиш од сопствениот буџет за поубав изглед на овој дел од градот. Станарите задоволни од новиот изглед иако не сакаа да коментират пред камера.

„Тие се едни од најстарите згради во Радовиш изграден пред околу педесетина години и надворешниот изглед одамна не беше подновен“, беше еден од коментарите.

Во рамките на овој проект ќе биде опфатена и реконструкција на фасадата на Пензионерскиот дом во Радовиш како и зградата на раскрсницата кај кружниот тек на булеварот Александар Македонски.

Инаку овие денови во тек е изградбата на тротоарите на новиот крак на ул. Плачковица, кој наскоро ќе биде и асфалтиран. Оваа улица претставуваше вистински проблем на граѓаните кои живеат овде речиси триесетина години.

Целосно се завршени и градежните активности на новата улицата во с.Ораовица со што се подобруваат условите за живеење и на локалното население.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш и годинава активно се вклучи во Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Avatar

Published

на

Општина Радовиш и годинава активно се вклучи во Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ за масовна акција низ територијата на целата општина, за чистење на дивите депонии, речните корита, улиците и тротоарите, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.

Во акцијата која започна денеска  и ќе трае до недела, масовно се вклучија и сите општински установи и институции, јавни претпријатија како и приватни компании кои со својата општествена одговорност ќе помогнат во оваа еколошка акција.

 Една од компаниите која даде придонес и активно се вклучи на терен со вработени и со механизација беа и рудниците Бучим и Боров Дол.

Тие чистеа во градот и во околината на Радовиш и притоа аплеираа до граѓаните да се фрла сметот на соодветно место за тоа, за да не се загадува животната средина.

Прочитај повеќе

Радовиш

15 -ти Саем на книги 2024 во Радовиш, ПОНУДА НА НАЈНОВИ НАСЛОВИ ОД ДВАЕСЕТТИНА ИЗДАВАЧКИ КУЌИ

Avatar

Published

на

Од 20 до 23 мај 2024 година Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш го организира традиционалниот 15 по ред саем на книги 2024. На истиот, потврдено присуство имаат најавено дваесетина издавачки куќи од Македонија кои по саемски цени ќе ги понудат своите најнови книжевни изданија.

Прочитај повеќе

Радовиш

По 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Avatar

Published

на

По јубилеен 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица, во организација на ФА Китка од Ораовица. 17 фолклорни ансамбли се претставија со свои изворни ора и носии, со цел зачувување на традицијата.

Организаторот, ФА Китка со директорот на фестивалот Димче Петров кој им се обрати на присутните, додели и Златни плакети на личности и институции за афирмација на фестивалот.Златна Плакета беше доделена на Општина Радовиш како генерален покровител, на ктиторот на Манастирот Свети Ѓеорги Николјачо Николов како редовен поддржувач на овој фестивал, на проф.д-р Ванчо Чифлиганец како еден од генералните покровители на фестивалот, на семејството Зифовски од Америка, на Здружение Изведен од Швајцарија и на претседателот на жири комисијата Петре Јованов.

Прочитај повеќе