Connect with us

Радовиш

Денеска се одбележува 7 Април, Светскиот ден на здравјето, втора година по ред во услови на пандемија

Media Press

Published

на

Денеска се одбележува 7 Април Светскиот ден на здравјето, втора година по ред во услови на пандемија.  “Здравјето е право а не привилегија” е мотото под кое оваа година СЗО го одбележува Светскиот ден на здравјето.

Инаку во ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш секоја година со повеќе активности го одбележуваше овој ден, со бесплатни акции за мерење на шеќер во крвта, со прием на здравствениот персонал и деловни соработници и доделување на благодарници и признанија. Годинава како и минатата година овој ден е посветен на справување со Корона вирусот и почитување на мерките и препораките за заштита.

Директорката на Здравствениот дом од Радовиш д-р Лимонка Илиевска, со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Корона вирус, да си го заштитат своето здравје а со тоа и да му помогнат на медицинскиот персонал кој неуморно се бори за да спаси нечиј живот. 

 „ЈЗУ Здравствен дом Радовиш во услови на пандемија , Светскиот ден на здравството го одбележува работно. Активно работат здравствените работници во пунктот за тестирање, пунктот за вакцинирање и Ковид амбуланта. Време е да изградиме подобро и поздраво општество за секој и секаде.  Голема благодарност за сите Херои од првите борбени редови! вели диркторката на Здравствен дом Радовиш д-р Илиевска.  

По повод 7 Април СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО со благодарност до здравствените работници и апел до граѓаните се обрати и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

“Здравјето е право а не привилегија” е мотото под кое оваа година СЗО го одбележува Светскиот ден на здравјето.

Би сакал на сите лекари и здравствени работници да им се заблагодарам за херојската посветеност во борбата против пандемијата и да упатам апел до Вас почитувани граѓани:

Да покажеме дека знаеме да го вреднуваме трудот на медицинските работници! Внимавајте на вашето здравје, заштитете ги своите најблиски, почитувајте ги мерките за заштита!“ вели Конзулов во своето обраќање.

Инаку  годинава на одбележувањето на денот на здравјето, сликата во Здравствениот дом во Радовиш  како и во целата држава е наместо со насмеани лица на граѓаните и здравсвените работници, со лица на кои се гледа страв и неизвесност, со чекање  ред за тестирање,  чекање ред за терапија пред Ковид – амбулантата,  вакцинирање на граѓаните постари од 77 години и вакцинирање на медицинскиот персонал. Годинава овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот и борбата против пандемијата.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе