Connect with us

Радовиш

Денеска е Благовец, празник на радосната вест. На овој ден Господ Исус Христос се воплотил и Марија ја добила благата вест дека ќе го роди спасителот

Media Press

Published

на

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Свето Благовештение, познат меѓу верниците и како Благовец, празник на радосната вест и на пролетната убавина.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. На овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал и Марија ја добила благата вест дека ќе го роди спасителот. Годинава по втор пат Благовец се празнува во услови на пандемија, но тоа не ги спречи верниците да присуствуват на Божествената литургија во Црковниот храм Света Троица во Радовиш. 

Благовец е секогаш на 7 април Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници. Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум девет месеци пред Божиќ.

Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. 

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, славејот. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Голем грев е тие што го слават Благовец  денеска  да принесат мрсна трпеза со месо, бидејки се во тек  велигденските пости.

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе