Connect with us

Радовиш

Пријави проблем електронски преку е-формата или на телефонски броеви на општинските службеници во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Општина Радовиш со цел да ја зачува животната средина и јавна чистота, го објави системот Е-ОПШТИНА- ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ и телефонските броеви на општинските службеници на кој што можат граѓаните да пријават проблем.

„Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок“, стои во објавата од Општина Радовиш.

Од листата на проблеми во менито на системот граѓанинот одбира проблем кој сака да го пријави. Во пријавата ја наведува точната адреса (улица и број) или поблиску ја опишува локацијата на која треба да се изврши интервенција. 

„Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме“, велат од општината.

Општина Радовиш ги објави и телефонските броеви на кој граѓаните може да пријават комунален проблем кај општинските службеници. Исто така, во секое време имаат можност да пријават електронски преку е-формата достапна на линкот: https://radovis.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0…

Што се можете да пријавите од листата:
  • Улично осветлување (пријавете дефект на улично осветлување).
  • Улици, патишта и тротоари (пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон, пријавете работа на патишта, улици и тротоари).
  • Објекти склони на рушење (пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл).
  • Урбана опрема (пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови).
  • Градба и дива градба (пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект).
  • Животна средина (пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води или реки).
  • Пријавете долготрајна и честа појава на бучава (од угостителски објекти, работа на машини и постројки).
  • Отпад (пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈП Плаваја, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални, локални патишта и во природа.
  • Кучиња скитници (пријавете присуство на кучиња и мачки скитници на јавна површина кои се болни и агресивни).
  • Јавно зеленило (пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта).
  • Гробишта (пријавете скрнавење на надгробни споменици во гробиштата).
  • Водовод и канализација (пријавете го секое течење на вода било да е од водовод или канализација).
  • Пријавете дефект на водоводна инсталација.
  • Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа.
  • Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa.
  • Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа.
  • Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа.
  • Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од ЈП Плаваја, Радовиш.
  • Сообраќајна сигнализација (пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи).
  • Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе