Connect with us

Радовиш

Вакцинирани првите граѓани над 77 години во ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш, со вакцина AstraZeneca

Avatar

Published

на

Од денеска започна вакцинацијата во ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш за граѓаните над 77 години, со вакцини против Covid-19 од AstraZeneca.

Вакцинацијата се спроведува во службата за имунизација при Здравствен дом-Радовиш, за пациенти над 77 години, со претходно закажување преку апликацијата “Мој Термин” од страна на матичните лекари. Според директорката д-р Лимонка Илиевска, дневно ќе се  вакцинират по околу 30 граѓани кои согласно терминот уредно се пријавени од матичните лекари, а неподвижните пациенти кои се пријавиле за вакцина ќе се вакцинираат во своите домови.

Граѓаните кои што се вакцинираа денеска  велат дека по примањето на вакцината чекат неколку минути во ординација и засега се чувствуват добро.

Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација, должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кое место во здравствената установа се спроведува вакцинација против Ковид-19.

Граѓаните кои имаат термин и ќе ја примат вакцината потребно е со себе да понесат здравствена книшка и лична карта, за да бидат внесени во системот кој води грижа и за нивната ревакцинација.

Мобилните екипи на Црвениот крст од Радовиш исто така се ставени на располагање и помагаат во упатувањето на граѓаните до местото за вакцинација, со цел да не се губи непотребно време барајќи го пунгтот. Исто така има и јасно означени патокази во кој дел од здравствениот дом се спроведува вакцинацијата. Според времето потребно за вакцинација дневно ќе се вакцинираат по околу 30 пациенти од Општините Радовиш и Конче.

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците

Avatar

Published

на

Со дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.

Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.

Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.

Прочитај повеќе

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе