Радовиш
Отворен повик за деца на возраст од 11 до 17 години, по програмата Солвеј
Published
3 години agoна
By
Media PressПрограмата @creative.fellowship ги повикува сите тинејџери на возраст од 11 до 17 години, оние кои сакаат да го споделат својот танцувачки талент, да се приклучат кон проектот и да бидат дел од Dance Residency.
Истражете ја „среќата“ преку танц и музика на танцувачката резиденција предводена од австриската кореографка Оливија Митерхумер.
Во третиот дел од програмата, организаторите им даваат можност на тинејџерите кои што пројавуваат интерес да се приклучат и бидат дел од работилницата за танцување. Организаторите ги отвараат вратите за сите деца, сакајќи преку призмата на танцот и музиката, во овие пандемски услови да им овозможат на сите тинејџери можност за онлајн дружба и едукација и да им помогнат да се забавуваат, радуваат и дружат виртуелно, а воедно и им даваат простор за истакнување на нови талентите, кои ќе се претстават пред светската јавност.
Краен рок за пријавување:14 април 2021 година.
За подетални информации и начинот на пријавување, посетете ја интернет страницата: https://solwaygroup.com/musiccamp/tancuvachka-rezidenciјa/?lang=mk
Поврзани содржини
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш во областа на социјалната, детска и здравствена заштита во 2024
Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Радовиш од областа на културата за 2024 година
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од буџетот на Општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи за 2024 година
Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари по корисник
Јавен повик за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства
ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
Радовиш
СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ
Published
2 недели agoна
мај 10, 2024By
Media PressСОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.
Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.
Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.
Радовиш
Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир
Published
2 недели agoна
мај 10, 2024By
Media PressФизичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.
На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш
Published
3 недели agoна
мај 3, 2024By
Media PressСДСМ одржа Митинг во Радовиш каде пред граѓаните ја презентираа својата програма и ја побараа поддршката, но и потсетија зошто да не се гласа за противничката политички партија.
„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство.
Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт,“ порача пред радовишани петседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.
Ковачевски од Радовиш порача: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!
Свое обраќање имаа и кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, носителот во ИЕ4 Венко Филипче и коносителот во ИЕ4 Јована Тренчевска.
„ Сега повеќе од било кога ни е потребно единство.Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче кој се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.
Кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, ја побара поддршката од Радовишани притоа спомнувајќи дека и како одговорно лице на Здравствен дом Радовиш работела во интерес на граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.