Connect with us

Гевгелија

Општина Гевгелија со 421 активни случаи на Ковид -19, е на прво место во Југоисточниот регион

Media Press

Published

на

  Општина Гевгелија е на прво место по бројот на активни случаи во Југоисточниот регион, со 421 активни на Ковид -19, потоа следува Струмица. Првиот случај на заболен од КОВИД-19 во Гевгелија беше регистриран на 29 март, 2020 година. За една година, во Општина Гевгелија се регистрирани 1813 граѓани заболени од КОВИД-19, оздравеле 1348 жители, а, за жал, битката ја изгубиле 44 гевгеличани. Во моментот активни на КОВИД-19 се 421 лице, жители на општина Гевгелија.

Бројот на новозаразени од КОВИД-19 секојдневно расте, а  ковид капацитетите во Општата болница од минатата недела се целосно исполнети. Во моментот, 26 пациенти се хоспитализирани во Модуларната болница, во Дневниот КОВИД-центар и во дел од Невропсихијатриското одделение, каде што се уште има слободни места. Додека, во тријажниот центар дневна терапија примаат околу 60 заболени од КОВИД-19.

           – Да бидеме дисциплинирани и одговорни, доследно да ги почитуваме и применувме заштитните мерки и протоколи бидејќи од тоа директно зависи нашето здравје. Но, и нашето севкупно живеење, имајќи предвид дека од епидемиолошката состојба во општината зависи и заздравувањето на економијата, апелираше градоначалникот Сашо Поцков.

Притоа, најави натамошно заострување на мерките за непочитување на заштитните мерки и протоколите, како од страна на граѓаните, така и од страна на економските оператори. Во прв ред, кафичите каде што според Поцков не се почитуваат заштитните мерки и не се држи никаква дистанца меѓу гостите.

 Од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување состојбата секојдневно се следи, во секојдневна комуникација со директорите на Општата болница и Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, со цел координирано да се преземаат потребните мерки.

Гевгелија

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Media Press

Published

на

И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината  и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.

            ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.

Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.

            Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Media Press

Published

на

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.

„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Македонските транспортери денеска со предупредувачки протест за промена на одлуката на грчката влада

Media Press

Published

на

Денеска со почеток во 15 часот, започна  протест на македонските транспортери поради продолжување на рестриктивните мерки што ги воведе грчката влада.

Како што информираат од АМЕРИТ, секогаш се на страна на транспортерите, и по големиот број на барања за оддржување на протест, ги запази сите законски мерки за пријавување на одржување на протест.

Протестот ќе трае од 15:00-19:00 часот, предупредувачки протест за промена на одлуката на грчката влада. На истиот, ќе се договорат идни мерки, доколку не се исполнат нашите барања, заеднички и со поддршка од грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ.

Како што велат од АМЕРИТ постојат три приоритети за кои протестираат:

– 24/7 работно време на Евзони;

– Отварање со целосно или делумно работно време на Дојрани и Меџитлија и

– Мерење температура на возачите, а тест само доколклу има симптоми за тоа.

„Транспортерите со своите возила ќе бидат пред граничниот премин Богородица, достоинствено и со строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19 да се избориме заеднички за слободен проток на стоки и хуман третман на нашите возачи!“, велат од АМЕРИТ.

Прочитај повеќе