Connect with us

Радовиш

Ќе остане ли Спортската сала во Радовиш без електрична енергија, што се дискутираше на одржаната 55 седница на Совет

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 55 седница на која според предвидениот дневен ред беа разгледани и усвоени завршните сметки на образовните и јавни институции во општината за 2020 година. Односно усвоени беа завршните сметки на основите училишта во Општина Радовиш и на средното училиште „Коста Сусинов“, како и завршните сметки  на детската градинка „Ацо Караманов“, на центарот за култура „Ацо Караманов“, Општинската библиотека „Браќа Миладиновци“ и на ЈП Плаваја, Радовиш.

 На почетокот беа поставени и неколку советнички прашања  но основното прашање беше зошто градоначалникот на Општина Радовиш  и раководителот на одделението за урбанизам, не се присутни за да одговорат на истите.

Советникот Енис Омер кој пристигна на седницата со задоцнување, се извини од името на градоначалникот Конзулов за кој рече дека биле на средба со сериозен инвеститор, кој бил заинтересиран да инвестира во Општина Радовиш, па од оправдани причини неможел да присуствува на седницата.

Советникот Бојан Митевски повторно со прашање, што е направено околу концесијата од Рудникот Бучим.

Во врска со ова прашање со кое е засегната целата општина, побаравме одговор од градоначалникот Конзулов.

„Благовремено до Министерството за економија има поднесено иницијатива  од страна на градоначалникот, за промена  на Законот за минерални суровини и го очекуваме одговорот, бидејќи случајот со рудникот Боров Дол е за прв пат во Македонија, рудното тело да опфаќа три општини. И затоа е потребно да се произнесе Министерството за економија преку свој експерти за таа намена“, вели градоначалникот Конзулов во својот одговор.

 Во продолжение на седницата меѓу другото беше ставен на разгледување финасискиот извештај на Спортската сала за 2020 година, за кој подетално образложение даде директорката Марија Станковиќ и околу кој се разви дискусија.

Директорката Станковиќ побара одржување на вонредна седница на Советот со цел да се изгласа Предлог- одлуката за одобрување финасиски средства на  Спортската сала,  која не беше прифатена како дополнителна точка во дневниот ред на предлог на градоначалникот Конзулов за оваа седница,  бидејќи спортската сала како што рече, од денеска ќе биде исклучена од електричлн енергија.

Радовиш

Извршена санација на спортскиот терен во ООУ „Кирил и Методиј“, Ораовица

Media Press

Published

на

Општина Радовиш изврши санација на спортскиот терен во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, радовишко.

Во склоп на оваа училиште се реализира проект за санирање на спортското игралиште и обележување на теренот со еко боја, информираат од општината. Исто така ќе се изврши санација на летниковец и поставување на нови клупи и канти. На спортскиот терен ќе бидат поставени нови голови и кошеви за одвивање на спортските активности на учениците.

Прочитај повеќе

Радовиш

Асфалтиран пристапниот пат до градските гробишта во Радовиш

Media Press

Published

на

Асфалтиран  пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробишта во Радовиш и обезбеден е паркинг надвор од кругот на гробиштата. Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов вели дека не станува збор за грандиозен проект но се решава голем проблем на граѓаните.

„Со асфалтирањето на пристапниот пат граѓаните достоинствено ќе можат да ги испраќаат своите најблиски до нивното вечно почивалиште“, вели Ристов.

Овој проект е еден од неколкуте помали проекти кои се реализираат во последните десеттина денови. Градоначалникот Ристов уште еднаш потенцира дека ќе се  продолжи со истото темпо за подобра иднина на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

Media Press

Published

на

На 27.11.2021 во 11.15 часот во с.Подареш, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П.(34) од с.Подареш. При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе