Connect with us

Радовиш

Плаваја: “Да бидеме општина за пример…”

Media Press

Published

на

Јавното претпријатие “Плаваја ” по повод денот на екологијата 22 март, започна со чистење на така наречени “диви” депонии. Скоро и да не постои населено место во чија близина нема барем една таква локација, но ги има и на излезот од радот. Граѓаните фрлаат се и сешто, а притоа не го бираат местото.

За жал  како што велат од ЈП Плаваја, локациите и површините на исчистените “диви” депонии, граѓаните  повторно, многу брзо ги натрупуваат со разни видови на отпад. Свеста не преовладува и покрај неколкуте апели за воздржување од вакви навики и депонирање на отпадот на градската депонија.

Според  ЈП Плаваја чистата животна средина е единствениот дар што можеме да им го оставиме на идните генерации и затоа ваквите “диви” депонии треба во иднина да не постојат, бидејќи оставаат лоша, грда слика за општината и се одраз на нашата “култура” и нашето “почитување” на животната средина.

„Длабоко се надеваме дека овие наши акции кои ќе продолжат и во следниот период ќе придонесат за подигање на свеста на нашите сограѓани и ќе створат навика кај нив секој отпад да го депонираат на соодветни места на кои со редовното наше работење ќе бидеме во состојба да го подигнеме. Исто така секој вид на отпад граѓаните може да го депонираат и на градската депонија која е отворена 24 часа“ велат од ЈП Плаваја.

Од таму апелираат до сите граѓани кои ќе забележат депонирање на отпад на несоодветни места веднаш да известат во ЈП”Плаваја” или општинската комунална инспекција.

Инаку ЈП Плаваја и Општина Радовиш секоја година спроведуваат вакви пролетни акции за чистење на дивите депонии, но за кратко време сликата повторно се враќаат во првобитна состојба, загадување насекаде околу нас и грда слика на излезот од градот кон Штип и Струмица и кон планината Плачковица.

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе