Здружението на пензионери на општините Радовиш и Конче ги известува своите членови дека е во тек пријавувањето на заинтересираните пензионери за одредени активности кои ќе се спроведуваат во оваа година. Така може да се пријавуваат за користење на надомест на дел од трошоците за користење одмор во бања или туристичко место.
Преку
здружението ќе се надоместуваат дел од трошоците најмногу за
10 дена. По искористувањето на одморот и рекреацијата платената сметка да се
достави до здружението, по што на корисникот ќе му бидат повратени по 400,00
денари за 1 ден или за 10 дена вкупно 4.000,00 денари.
Право на надоместување на дел од трошоците за бањско-климатско лечење ќе имаат пензионерите кои досега не користеле, како и оние кои користеле надоместување на дел од трошоците пред 2018 година. Пријавување до 10-ти април 2021 година со талон од пензијата.
Во тек е и пријавувањето за доделување пакети со прехрамбени произвои по повод велигденските празници за пензионери кои примаат нега од друго лице. Потребни документи кои треба да се достават најдоцна до 10 април се: Талон од пензијата и важечко решение од центарот за социјални работи – Радовиш. Поднесените решенија после рокот нема да се земаат во предвид велат, од здружението.
Во овој период во тек е и пријавување за спортско натпреварување во неколку спортски дисциплини за мажи и жени: Гаѓање со воздушна пушка, Шах, Пикадо, Шутирање пенали на мали голчиња, Слободни фрлања во кош, Фрлање ѓуле, Трчање, Домино, Табла, Тегнење јаже (мажи), Скок од место (мажи).
„Пријавувањето трае до 15 април, во здружението на Пензионерите во Радовиш секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот.Реализирањето на активностите ќе зависат од развојот на ситуацијата со пандемијата од вирусот Ковид-19 и мерките што ќе ги препорача владата“, стои во известувањето од ЗПОРК.