Connect with us

Радовиш

Пензионарите од Радовиш и Конче може да се пријават за спортски натпреварувања и надомест на дел од трошоците за бањско лечење

Avatar

Published

на

Здружението на пензионери на општините Радовиш и Конче ги известува своите членови дека е во тек пријавувањето на заинтересираните пензионери за одредени активности кои ќе се спроведуваат во оваа година. Така може да се пријавуваат за користење на надомест на дел од трошоците за користење одмор во бања или туристичко место.

Преку здружението ќе се надоместуваат дел од  трошоците најмногу за 10 дена. По искористувањето на одморот и рекреацијата платената сметка да се достави до здружението, по што на корисникот ќе му бидат повратени по 400,00 денари за 1 ден или за 10 дена вкупно 4.000,00 денари.

Право на надоместување на дел од трошоците за бањско-климатско лечење ќе имаат пензионерите кои досега не користеле, како и оние кои користеле надоместување на дел од трошоците пред 2018 година. Пријавување до 10-ти април 2021 година со талон од пензијата.

Во тек е и пријавувањето за доделување пакети со прехрамбени произвои по повод велигденските празници за пензионери кои примаат нега од друго лице. Потребни документи кои треба да се достават најдоцна до 10 април се: Талон од пензијата и важечко решение од центарот за социјални работи – Радовиш. Поднесените решенија после рокот нема да се земаат во предвид велат, од здружението.

Во овој период во тек е и пријавување за спортско натпреварување во неколку спортски дисциплини за мажи и жени: Гаѓање со воздушна пушка, Шах, Пикадо, Шутирање пенали на мали голчиња, Слободни фрлања во кош, Фрлање ѓуле, Трчање, Домино, Табла, Тегнење јаже (мажи), Скок од место (мажи).

„Пријавувањето трае до 15 април,  во здружението на Пензионерите во  Радовиш секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот.Реализирањето на активностите ќе зависат од развојот на ситуацијата со пандемијата од вирусот Ковид-19 и мерките што ќе ги препорача владата“, стои во известувањето од ЗПОРК.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе