Државниот завод за статистика објавува дополнителен трет по ред јавен конкурс за реонски попишувачи кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во периодот од 01-21април. Според потребниот број на реонски попишувачи што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето со вклучени резервни попишувачи од 10%, недостасуваат Реонски попишувачи во Гевгелија 29, во Валандово 2, во Струмица 80 и во Ново Село 45.
Условите за пријавување на кандидатите остануваа исти како и претходно. Кандидатите да се државјани на македонија да имаат завршено средно образование да имаат познавање на работа на компјутер. Пријаваувањето ќе се врши исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика.
Конкурсот трае три дена од започнувајќи од вчера 18 март, до сабота 20 март.
Кандидатоте кои ќе се пријават на конкурсот треба да исполнуваат неколку услови.
Да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос. Дополнителни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се познавање на работа со персонален компјутер и познавање на соодветниот јазик на заедницата.
Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање, односно (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер).
Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон. Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе се одржи тестирањето, дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика.