Радовиш
Единствениот Ресторан за свадбени свечености во Радовиш под клуч

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Единствениот Ресторан за свадбени и друг вид свечености во Радовиш “Леона – Лукс”од 19.03.2021 се најде под клуч. Како што објавија на својот официјален Facebook профил, затворањето на објектот е последица на организирање на ручек за 60 лица.
Објектот ќе биде затворен 30 дена од страна на државниот пазарен инспекторат, но како што стои во објавата не е планирано продолжување со работа на објектот се до целосно завршување на пандемијата.
Почитувани, Ве информираме дека: ПОРАДИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА РУЧЕК ОД 60 ЛИЦА, ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ГО ЗАТВОРИ…
Posted by Ресторан “Леона – Лукс” / Restaurant “Leona – Lux” on Friday, March 19, 2021
https://www.facebook.com/LeonaLuxRestaurant/posts/4219628938068043
Поврзани содржини
Радовиш
Утврден успехот на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Published
3 дена agoна
април 15, 2021By
Media Press
Утврден успехот и поведението на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш на крајот на првото тромесечје од второто полугодие. Оценките на учениците се формирани врз основа на тестирања и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата.
Според директорот на училиштетото Гоце Лазаров, успехот задоволува иако е понизок во споредба со годините кога се одвиваше наставата во нормални услови со физичко присуство.
„Вчера имавме класни совети каде што се утврди успехот на учениците. Според реферирањето на извештаите од класните раководители, дојдовме до заклучок дека успехот на учениците е сличен со оној во првото полугодие. Во некои класови е подобар во некои послаб. Друго е учењето со физичко присуство друго е онлајн“, вели Лазаров.
Инаку во СОУ Коста Сусинов во Радовиш сите ученици посетуваат настава онлајн поради веќе позната ситуација со корона вирусот, а само практичната настава се одвива со физичко присуство.
Во овој период во тек е и одбраната на проектните задачи на матурантите кои ги браната онлајн, по што ќе следува полагањето на матурските испити од државната матура. Годинава матурантите ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.
Радовиш
Оливер Промет – Производство на трпезариски маси и столици

Published
6 дена agoна
април 12, 2021By
Media Press
Постоиме за да создаваме
Создаваме за да ја предизвикаме убавата хармонија во вашите домови. 30 години постоиме за исполнување на нашите и вашите соништа. Нека вашите домови бидат украсени со столови и маси изработени од дрво и висококвалитетни штофови. Обработени по софистициран пат и наменети за сечиј вкус.
Секогаш со вас и за вас, Оливер промет.
Дел од преубавиот асортиман можете да го погледнете на фејсбук страницата на Оливер Промет.
Контакт телефон: 071 204 592
Емаил: oliverpromet@yahoo.com
Радовиш
Во близина на крстосница за с.Бучим радовишко, било пронајдено починато лице во шахта со вода

Published
7 дена agoна
април 11, 2021By
Media Press
На 09 април околу 18 часот во полициска станица Радовиш било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, поточно во близина на крстосница за с.Бучим бил пронајдено починато лице. Увидна екипа од ОВР Радовиш, Трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за фирма, паднал во шахтата со вода и се удавил. Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење, информира ПС Радовиш.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
