Connect with us

Македонија

1.031 случаи на Ковид-19, од нив 64 во Југоистичниот регион, 20 починати лица во земјава

Avatar

Published

на

Во последните 24 часа регистрирани се нови 1.031 случаи на Ковид-19 од направени 4.373 тестирања, информираат од министерството за здравство, од нив 64 во Југоистичниот регион.

Во Гевгелија -25, Струмица –20, Радовиш 9, Валандово 7, во Богданци 2 и Дојран 1 новозаразено лице со коронавирус.

Од министерството за здравство додаваат дека регистрирани се и 241 оздравени пациенти во државата и тоа:

Скопје –152, Гевгелија –20, Велес –15, Куманово –14, Гостивар –13, Битола –9, Штип –6, Ресен –4, Валандово –3, Струмица –2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1 оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани.

Сите пациенти се починати во болнички услови, додаваат од министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19, велат од МЗ.

Според ова министерство, вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 49491, активни 5588
Прилеп 6059, активни 854
Куманово 5975, активни 432
Тетово 5768, активни 367
Гостивар 4051, активни 283
Кавадарци 3829, активни 649
Штип 3804, активни 173
Велес 3738, активни 324
Битола 3694, активни 292
Охрид 3554, активни 496
Струмица 2905, активни 213
Струга 2513, активни 184
Кочани 1950, активни 144
Кичево 1824, активни 52
Неготино 1582, активни 421
Гевгелија 1479, активни 307
Свети Николе 1143, активни 39
Крива Паланка 961, активни 146
Ресен 875, активни 81
Дебар 804, активни 17
Радовиш 779, активни 38
Делчево 763, активни 48
Берово 705, активни 62
Пробиштип 585, активни 42
Виница 538, активни 24
Валандово 406, активни 36
Крушево 372, активни 113
Богданци 332, активни 72
Демир Хисар 300, активни 42
Кратово 300, активни 28
Демир Капија 279, активни 48
Македонски Брод 260, активни 9
Пехчево 194, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе