Connect with us

Економија

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

Media Press

Published

на

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.  

По барањата пристигнати до Владата на Република Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува во пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.
 
„Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел  запазување на законските рокови“, велат од Владата.
 
Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.

„Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности“, велат од Централен регистар.

Економија

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, поскапуваат и бензините

Media Press

Published

на

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73, а Еуросупер БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Прочитај повеќе

Економија

Од денеска горивата се продаваат по пониска цена за 1,5 и за 1 денар

Media Press

Published

на

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,5 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,138 денар за килограм.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 – 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  – 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС- 36,880 (денари/килограм).

Прочитај повеќе

Економија

За 3,5 денари ќе поскапат горивата со предложените измени за зголемување на еколошката такса

Media Press

Published

на

Владата вчерашната  82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

Како што информираат од владината прес – служба со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

„Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина“, појаснуваат од Влада.

Прочитај повеќе