Connect with us

Македонија

Помина првиот седумчасовен полициски час, полициските службеници со контрола на терен

Media Press

Published

на

Помина првиот седумчасовен полициски час кој се воведува како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Од синоќа од 22 часот до 05 часот утринава беше ограничено движењето на граѓаните, а на терен беа полициските службеници кои вршеа контрола.

Во првиот полициски час констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа направи увид на неколку полициски пунктови по стартот на спроведувањето на новодонесената мерка. Спасивски апелираше до граѓаните да ја почитуваат мерката, а за оние кои нема да го сторат тоа најави прекршочни и кривични санкции.

„Ова е неопходен чекор препорачан од здравствените фактори, а во интерес на поединечното и јавно здравје, и повеќе од сигурен сум дека сите заедно ќе успееме да ги пребродиме и овие околности што ни ги наметнува пандемијата со “ковид 19“.Апелирам до граѓаните на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите. Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот. рече Спасовски.

Спасовски додаде дека оваа е мерка која никој не ја посакува, но е неопходна за да се прекине ланецот на ширење на вирусот.

„Очекувам, како што започнавме оваа вечер, преку почитување на оваа мерка за забрана за движење, заеднички да придонесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на ширењето на вирусот, стабилизација на состојбата и зачувување на здравствениот систем. Убеден сум дека заедно ќе ја добиеме и оваа битка против Ковид-19, изјави Спасовски.

Одлуката за полициски час со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот наутро ја донесе Владата завчера на предлог на Комисијата за заразни болести, која очекува дека со оваа мерка ќе се спречи натамошниот пораст на бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Полицискиот час ќе трае до 22 март, а отстапки од забраната за движење ќе има за оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош. Одлуката за забрана за движење нема да важи и за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

За останатите граѓани, движењето во периодот од 22 часот до 05 часот ќе биде дозволено само со дозволи. Ќе важат истите дозволи кои важеа и минатата година кога беше воведен полициски час. На оние кои ги изгубиле дозволите, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ќе им издаде нови.

Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред една година кога пандемијата беше на почетокот.

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе