Connect with us

Македонија

Тестирањето на попишувачите и инструкторите ќе се спроведе на 11 и 12 март

Media Press

Published

на

Државниот завод за статистика ги објави списоците на кандидати за  реонски попишувачи и реонски инструктори на веб-страницата Попис 2021,  по  пописни реони.

Тестирањето на кандидатите ќе се спроведе на 11 и 12 март, а Комисиите на пописните реони треба да објават списоци со распоред на групите за тестирање и соодветното време.

Попишувачите и инструкторите треба да се јават 30 минути пред почетокот на тестирањето и задолжително да носат заштитна маска (KN95).

Доколку немаат доставено по пошта фотокопија од документи во хартиена форма до Државниот завод за статистика, истите треба да ги достават на денот на тестирањето. Потребни документи во фотокопија кои треба да се достават се:

1.Доказ за државјанство – фотокопија од:

-Лична карта или

-Уверeние за државјанство или

-Диплома за завршено образование

2.Доказ за завршено најмалку средно образование – фотокопија од:

-Свидетелство или

-Уверение или

-Диплома за завршено образование.

3.Писмена изјава дека немаат засновано работен однос

4.Писмена изјава дека имаат познавање од работа со персонален компјутер

Точната дата и времето на тестирањето се дадени во списоците кои се објавени на огласната табла на општините, во седиштето на Комисијата за пописен реон.

Контакт-информации за Комисиите на пописните реони можете да најдете на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе