Радовиш
Неколку улици во Радовиш со прекин во снабдувањето со струја поради див приклучок на градското јавно осветлување

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Див приклучок на струја на разводната табла на градското јавно осветлување предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во Радовиш: Шаин Маале; Калузлиска; Плачковица (дел); Стојмен Трајков; Мирче Ацев; Готен; Стив Наумов (дел); Серта и дел од ул. Мито Хаџивасилев.
Како што информираат од Општина Радовиш тековно се врши увид во состојбата и се проценува материјалната штета по што ќе следува санација.
„Екипите работат на терен, се замолуваат засегнатите жители да имаат разбирање. Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека дивото приклучување на дистрибутивната мрежа е кривично дело и претставува голем ризик за пожар“, соопштуваат од Општина Радовиш.
Поврзани содржини
Започна асфалтирањето на крак на улица Плачковица во Радовиш, кој беше проблем за граѓаните 30 години
Досега во Радовиш вакцинирани околу 160 граѓани над 77 години со Астра Зенека, можат да се пријават и граѓани од 70 до 77 години
5 лица од Радовиш заработиле казна за управување моторно возило без возачка дозвола
Гужви пред Стопанска Банка во Радовиш, има ли место за паника или станува збор за лажна информација
Три лица од струмичко биле затекнати во Радовиш, без дозвола за движење за време на полициски час
Донација од Црвената полумесечина на Турција за потребите на лицата со попреченост од Општина Радовиш
Радовиш
Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Published
2 дена agoна
април 16, 2021By
Media Press
Деновиве активно се работи на санација на кровот на центарот за култура “Ацо Караманов“ во Радовиш, проект кој го реализира Општина Радовиш се средства од сопствениот Буџет.
„Конечно ставаме крај на прокиснувањето и оштетувањето на зградата кое се појавува како последица на влагата. Културните работници, уметниците и граѓаните ќе се вратат во подобри услови“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.
Последен пат кровот на центарот за култура беше реконструиран пред 10-тина години но последната година повторно се појавија проблеми.
„Следна фаза ќе биде реконструкција на внатрешниот дел односно на плафонот кој е оштетен од прокиснувањето на кровот“, вели директорката на домот на културата Изабела Ангелова, која изразува благодарност до Општина Радовиш и до градоначалникот Конзулов за реализацијата на овој проект.
Инаку центарот за култура „Ацо Караманов“ е единственото место каде се одржуваат сите културни настани, манифестации, концерти, изложби, театарски претстави, кино проекција и други настани со кои се унапредува културата во Радовиш.

Радовиш
Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Published
2 дена agoна
април 16, 2021By
Media Press
СОУ Коста Сусинов од Радовиш годинава нуди три нови струки од кои едната е дуална паралелка во која учениците своето теоретски знаење, ќе можат да го надополнат со посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството за образование од 3.500 денари месечно.
„Трите нови струки освен гимназиските паралелки се Електротехничка струка -профил, електротехничар енергетичар, Машинска струка – профил, машински техничар и Рударско, геолошка и металуршка струка – профил, рударско- геолошки техничар“, рече директорот на училиштето Гоце Лазаров.

Според соопштувањата на Министерството за образование и наука за сите ученици кои ќе одберат некои од понудените стручни профили, а со цел мотивирање на учениците да го одбираат средното стручно образование, за прв пат од новата учебна 2021/2022 година се воведуваат 2.200 стипендии за сите оние кои ќе се запишат во прва година во средно стручно училиште и од нив, 2000 стипендии во месечен износ од 3.500 денари ќе бидат наменети за ученици запишани во дуалните паралелки во четиригодишното образование, како и за ученици запишани во тригодишно образование, додека 200 стипендии ќе бидат наменети за ученици запишани во дефицитарни струки како електро-техничка, машинска, итн.
Вкупно според конкурсот во средното училиште во Радовиш ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе бидат распоредени во девет паралелки.
Радовиш
Апел за заштита од пожари на отворен простор

Published
3 дена agoна
април 15, 2021By
Media Press
Територијата на Република Македонија во текот на летниот период се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните.
Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.
„Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места.
Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини.
Да не се врши палње на отпад и друг горлив материјал.
Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност е на секој граѓанин е до го пријави до надлежните институции. Од брзината и точноста на информацијата, зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.
Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.
Пожарот може да се пријави на 192 -Полиција, 193 – ТППЕ ( Територијална противпожарна единица), 195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи), 632-274 – РЦУК Радовиш, 635-397 -Пожарна Радовиш, 634-105 -МВР ПС Радовиш и 617-700- Општина Радовиш“, стои во апелот до граѓаните од Општина Радовиш.


Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
