Македонија
Усвоен Протоколот кој има за цел безбедно попишување на населението

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија започна на 1 март со попишување на затворениците, бездомниците и на дијаспората. Портпаролите на Владата Арсовски и Хоџа на прес конференција упатија апел до дијаспората активно да земе учество во овој процес, кој е предвидено да трае од 1 март до 21 април 2021 година.
Во контекст на процесот на попишување на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата го усвоила Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година кој ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на КОВИД-19.
Портпаролот Хоџа наведе дека овој протокол има за цел безбедно попишување на населението, и од аспект на попишувачите и од аспект на граѓаните.
„На вчерашната седница усвоен е посебниот протокол за спроведување на Пописот и посебен протокол за тие лица кои во моментот на попишување се позитивни на КОВИД-19, тоа значи превентивни мерки и за лица кои го извршуваат пописот – попишувачите и за лицата кои истовремено се попишуваат. Посебниот протокол ќе се спроведе во целата постапка на спроведување на пописот“, истакна Хоџа.
Државниот завод за статистика објави дополнителен јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија во периодот 1 до 21 април во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори.
„Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10 процент повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи“, се вели во конкурсот.
Поврзани содржини
Пoписот се одлага за во септември, договорено е на денешната лидерска средба
Србија го одложува пописот, кај нас започнува од 1 април
Според ДЗС досега се самопопишале 130 009 македонски државјани од дијаспората
Тестирањето на попишувачите и инструкторите ќе се спроведе на 11 и 12 март
ВМРО -ДПМНЕ собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис
Од денес започнува пописот, за првпат се попишува и дијаспората
Македонија
200.000 дози кинески вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, во тек е вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Published
2 дена agoна
април 16, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.
„Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина. Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата“, рече министерот Филипче.
Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.
-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.
Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-
„Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, посочи министерот Филипче.
Македонија
Возрасни граѓани од 73 и 74 години можат да се пријават, има дополнителни слободни термини за вакцинација

Published
4 дена agoна
април 14, 2021By
Media Press
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на Ковид-19.
Инаку до вчера беа вакцинирани вработените во критичната инфрастрктура во МВР, во АРМ, во образование и во градикните.
Македонија
Цените за лекување од Ковид во приватните болници ќе се ограничат најмногу до 5000 евра

Published
5 дена agoна
април 13, 2021By
Media Press
Со измените на Законот за здравствена заштита кои ќе бидат доставени до Собранието, ќе се регулира колку пари можат да наплатат приватните болници од пациентите заразени со коронавирус кои се на лекување. Според министерот за здравство Венко Филипче кога пратениците ќе ги изгласаат измените, болниците нема да можат да наплатат повеќе од 4.959 евра.
„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“ стои во објавата на министерот Филипче.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
