Connect with us

Македонија

Левица: Незастарување на кривичните дела на јавните функционери – единствен излез од правната криза СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица со Реакција до јавност во врска со донесената резолуција во која се наведува дека обвинителството не утврди дека постојат основи на сомнение дека било извршено кривично дело со кое се гони поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски по службена должност.

„Пред една година, помпезно најавениот обвинителски процес (кој беше претставен од Костадин Костадинов како огромен успех на СДСМ во насока на наводните реформи во правосудниот систем), против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски заврши со резолуција во која се наведува дека обвинителството не утврди дека постојат основи на сомнение дека било извршено кривично дело кое се гони по службена должност.

Со резолуцијата, за триесетината предмети „заборавени во фиока“, никој кривично нема да одговара. Со оглед дека Јово Вангеловски беше избран за претседател во времето на владеењето на ДПМНЕ, а добива кривично правно „помилување“ за своите дејствија во време на СДСМ, станува јасно дека владеењето на СДСМ е само продолжена рака на ДПМНЕ со исти аршини на делување, кои апсолутно не се во насока на владеење на правото, она за што впрочем сегашната владеачка гарнитура гласно говореше пред изборите. 

Што доколку тие тиресетина предмети вклучуваа економски кривични дела, или во постапувањата на поранешниот претседател на Врховниот суд во иднина се утврди дека постојат основи на сомневање за сторено економско кривично дело, како дело со кое се повредува економскиот систем, како и економските интереси!?  

На овој начин се поттикнува вакви слични поведенија во иднина да станат пракса без одговорност. Впрочем, сегашното позитивно право предвидува и нивна застареност, а од друга страна економскиот систем на државата со сите негови институции трпи незастарливи и неотстранливи последици кои на крај паѓаат на товар на граѓаните.

Затоа Левица во својата програма предвидува мерка Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери. Со оваа мерка ќе се делува превентивно во насока на демотивирање за сторување на ваков тип криминалитет“, стои во Реакцијата ид Левица.

Македонија

Бројот на новозаболени забрзано расте, денеска 164 нови случаи на Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистокот е следна:
Струмица 4150, Активни 21
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 4
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Share

Прочитај повеќе

Македонија

Од септември само електронски дневници во училиштата, печатените остануваат во минатото

Media Press

Published

на

Според соопштението од Бирото за развој на образованието, од септември наставниците веќе ќе немаат обврска податоците и оценките за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник. Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Како што се прави со хартиените дневници, во електронските тие ќе треба да ги внесуваат оценките на учениците, но и изостаноците и другите активности.

Како што соопштуваат од Бирото за развој на образованието, наставниците извесно време барале да бидат ослободени од водење двојна евиденција, и во хартиените дневници и во електронските.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа треба да се почитуваат општите мерки..

Општите мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од МТСП.

Прочитај повеќе