Connect with us

Конче

Амбасадорот на Турција во Македонија ја посети Општина Конче, една од најубавите примери за мултиетнички соживот

Media Press

Published

на

Амбасадорот на Република Турција во Скопје,  Хасан Мехмет Секизкок ја посети општина Конче и притоа со својата делегација оствари средба со градоначалникот Благој Илиев. На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка но и за идни проекти кои би се реалзирале со заедничка соработка.

„Општина Конче е една од најубавите примери за мултиетнички соживот во нашата држава, како општина во која значителен број од нашите граѓани се од Турска националност ми беше чест да бидам домаќин на посетата во нашата општина на Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Хасан Мехмет Секизкок, координаторот на ТИКА г-дин Омер Халим Сојут, претсетадетлот на МАТУСИТЕБ г-дин Хусрев Емин и претседателот на здружението ЕНСАР г-дин Сулејман Баќи. На средбата разговаравме за долгогодишната меѓусебна соработка, за идните заеднички проекти, инвестиции на турските фирми во областа на земјоделието и туризмот и образованието“, вели градоначалникот Благој Илиев.

Амбасадорот Секизкок заедно со градоначалникот беше во посета на училиштето, детската градинка, новоизградената спортска сала, а ги посети и манастирот и џамијата во Конче.

„Амбасадорот ги поздрави направените инвестиции во делот на образованието и социјалната заштита на малите деца, за проектот за изградба на нова канализациона линја со средства обезбедени од ТАВ преку минстрество за транспорт и врски што со сите овие инвестиции обезбедуваме по квалитетен живот за нашите граѓани“ вели градоначалникот Илиев, кој во името на сите граѓани од општината му се заблагодари на Амбасадорот на Р.Турција во Скопје Секизкоз и делегацијата за посетата.

Конче

Во тек е проектот за реконструкција на потисен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Габревци, општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со работни активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци. Ова е еден од проектите за кои градоначалникот Златко Ристов рече дека тековно се работи и со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во село Габревци.

Прочитај повеќе

Конче

Конечно решен проблемот со водоснабдувањето во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

„Конечно прашањето со водоснабдување за с.Дедино решено преку обезбедување на електромотор за потопна пумпа. За ова прашање во иднина ќе обезбедиме резервна потопна пумпа за непречено снабдување со вода“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов. 

Инаку проблемот со водоснабдувањето во село Дедино настана пред околу дваестина денови поради дефект на потопната пумпа.

Градоначалникот Ристов им се извинува на жителите во Дедино за проблемот кој се провлече со денови, но вели дека за во иднина нема да дозволи вакви „ситни“ работи да го нарушуваат секојдневното функционирање на локалното население. Инаку како што вели градоначалникот Ристов, решавањето на поблемот кој го затече се оддолжи и поради формалното преземање на функцијата и согледување на реалната ситуација на терен како и решавање на истиот.

Прочитај повеќе

Конче

Златко Ристов денеска и официјално ја презеде должноста градоначалник на Општина Конче

Media Press

Published

на

Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.

Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев. На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.

Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.

Прочитај повеќе