Конче
ТИКА ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”
Published
3 години agoна
By
Media PressTурската агенција за соработка и координација (ТИКА) ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”. Проектирањето на новото училиште е завршено и се очекуват последните дозволи за реализација на проектот.
Станува збор за изградба на нова училишна зграда од страна на ТИКА кое ќе функционира во склоп на ООУ “Гоце Делчев” во с.Конче и ќе биде лоцирано на местото каде што моментално е стариот интернат кој е во катастрофална лоша ситуација и е неупотребливо и е небезбедно за децата од училиштето.
„По новиот образовен систем кои децата го следат и е до 9-то одделение, капацитетие на нашето училиште се максимално искористени и затоа имаме потреба од ваков вид на објект во кој покрај нови училници и кабинети ќе има и современа библиотека. Општината за изградба на овој објект веќе ги има обезбедено сите дозволи кои се во наша надлежност како и сеизмолошки изтражувања на локацијата. Заедно со ТИКА сме силно уверени дека децата се нашата иднина и ги заслужуват најсовремените услови во образованието и нивниот развој“, вели градоначалникот Благој Илиев
Градоначалникот му се заблагодарам како на претходниот координатор на ТИКА Ајтекин Ајден така и на моменталниот координатор на ТИКА Омер Халим Сојут за нивниот труд за реализација на овој огромен проект.
Поврзани содржини
Воннаставна активност „Вело училиште“ денеска беше организирана во ОУ Никола Карев, во организација на ВК Бел камен – Серта од Радовиш
Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти
Изложба “Рурална жена низ објективот” на која ќе бидат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни, на 10 март во Општина Конче
По отворањето на клуб на пензионери во с.Ракитец, отворен клуб на пензионери и во Долни Липовиќ
Одбележан празникот Свети Трифун во Општина Конче
СООПШТЕНИЕ до сите Верници во Општина Конче
Конче
Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти
Published
3 недели agoна
април 2, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.
„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.
Конче
Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче
Published
4 недели agoна
март 26, 2024By
Media PressОпштина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.
Конче
Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче
Published
1 месец agoна
март 11, 2024By
Media PressВчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.
На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.
Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.
Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .
Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .
Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.