ТИКА ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”
Tурската агенција за соработка и координација (ТИКА) ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”. Проектирањето на новото училиште е завршено и се очекуват последните дозволи за реализација на проектот.
Станува збор за изградба на нова училишна зграда од страна на ТИКА кое ќе функционира во склоп на ООУ “Гоце Делчев” во с.Конче и ќе биде лоцирано на местото каде што моментално е стариот интернат кој е во катастрофална лоша ситуација и е неупотребливо и е небезбедно за децата од училиштето.
„По новиот образовен систем кои децата го следат и е до 9-то одделение, капацитетие на нашето училиште се максимално искористени и затоа имаме потреба од ваков вид на објект во кој покрај нови училници и кабинети ќе има и современа библиотека. Општината за изградба на овој објект веќе ги има обезбедено сите дозволи кои се во наша надлежност како и сеизмолошки изтражувања на локацијата. Заедно со ТИКА сме силно уверени дека децата се нашата иднина и ги заслужуват најсовремените услови во образованието и нивниот развој“, вели градоначалникот
Благој Илиев
Градоначалникот му се заблагодарам како на претходниот координатор на ТИКА Ајтекин Ајден така и на моменталниот координатор на ТИКА Омер Халим Сојут за нивниот труд за реализација на овој огромен проект.