Македонија

Мицкоски: Ја погребаа правната држава. Дозволија да им избега пред очи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара оставка на Владата, по бегството на Сашо Мијалков.

Според Мицкоски, правда во Македонија нема, не е доволно за ова оставка само од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, туку и од цела Влада и формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и парламентарни избори.

„ Доста е неспособност! Доста е од корупција! Oставка веднаш! Оставка за целата Влада, оставка за вас кои нè срамотите! Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Не сакаме повеќе коалиција која ја приватизира државата и ја погреба правдата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги повтори ставовите на неговата партија дека бегството на Мијалков е договор со власта.

-Ја погребаа правната држава. Дозволија да им избега пред очи затоа што така се договорија. Денеска ни е потребна влада која ќе ја спаси Македонија, рече Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

3 часа ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

1 ден ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

1 ден ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

1 ден ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

4 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

4 дена ago