Економија

Просечна месечна исплатена плата по вработен декември 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.7, додека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата во  декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4.

Зголемувањето на бруто платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.9 %), Рударство и вадење на камен (10.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.4 %) и зголемувањето на нето платата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15.5 %), Рударство и вадење на камен (10.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42 227 денари, додека пак просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 28 294 денари.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago