Македонија
Објавен е конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе го спроведуваат попишувањето на терен

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Објавен е конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на #Попис2021.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.
За општините Радовиш и Конче предвидени се вкупно 66 попишувсчи од кои 56 попишувачи Македонци, 10 попишувачи Турци, 1 попишувач Ром како и 7 реонски инструктори.
Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари и се врши електронски на следниот линк:
https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx
Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи. https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/Konkurs-Popis2021.pdf
Поврзани содржини
Усвоен Протоколот кој има за цел безбедно попишување на населението
ВМРО -ДПМНЕ собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис
Од денес започнува пописот, за првпат се попишува и дијаспората
Под слоганот „Стави го својот потпис за вистински попис!“ ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Радовиш од денеска собира потписи
Мицкоски: Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот, но ќе ги имаме потписите
ВМРО-ДПМНЕ ги достави потписите за поништување на законот за попис
Македонија
Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Published
16 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.
Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 66,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 68,00 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,834 (денари/килограм) |
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.
Македонија
Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Published
18 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Македонија
Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Published
4 days agoon
March 5, 2021By
Media Press
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.
„Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .
Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.
„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
