Македонија
Димитров за изјавата на Захариева: Ова е скандалозна невистина

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров реагираше на последната изјава на бугарската министерка Екатерина Захариева, во која вели дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ кон Русија. Димитров во реакцијата објавена на Фејсбук вели дека според последниот извештај на Европската Комисија објавен во октомври лани, а кој се однесува на 2019 година Македонија е со 92 отсто усогласеност.
„Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%: Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски“, напиша Димитров.
Според бугарската министерка, Македонија имала исклучително ниско ниво на усогласеност, под 50% со заедничката надворешна политика на ЕУ.

Поради појавените информации во јавноста за усогласеноста на Република Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, и Министерството за надворешни работи информираме дека усогласеноста на државатавкон ставовите, декларациите и мерките на Европската Унија изнесува 94%.
“Илустративно, само во последната третина од 2020 година (периодот септември – декември 2020 година), Република Северна Македонија се има придружено на над 40 декларации на Европската Унија. Оваа практика продолжува и во првиот квартал на 2021 година.
Во моментов, во рамките на Министерството за надворешни работи се разгледува можноста за имплементација на политики со кои поскоро ќе се постигне целосна, или 100% стапка на усогласеност со политиката на ЕУ.
Во истата насока, покрај надворешната и безбедносна политка, во рамките на процесот на Стабилизација и Асоцијација, Република Северна Македонија веќе има усогласено околу 30% од европското аки (acquis), ниво на усогласеност на домашното законодавство по кое земјава стои рамо до рамо и со останатите земји од регионот кои веќе подолго време преговараат“, стои во соопштението од МНР.
Поврзани содржини
Димитров останува вицепремиер за европски прашања, Собранието не ја прифати интерпелацијата
Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”
4 македонски граѓани од Лима, Перу, слетаа во Виена
Димитров: Историска одлука за отпочнување на преговори со ЕУ
До утре (22 март) до 18 часот, да се пријават сите граѓани што сакат да се вратат во земјата
Апел до македонските граѓани затечени во странство, а кој немаат регулиран престој
Македонија
Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Published
15 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.
Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 66,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 68,00 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,834 (денари/килограм) |
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.
Македонија
Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Published
16 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Македонија
Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Published
4 days agoon
March 5, 2021By
Media Press
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.
„Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .
Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.
„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
