Македонија
Димитров: Историска одлука за отпочнување на преговори со ЕУ
Објавено на
Од
Media PressМинистерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната прес-конференција истакна дека е среќен што е дел од споделувањето на добри вести, односно со историската одлука за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ.
„И покрај вонредните околности предизвикани со корона вирусот, особено цениме дека ЕУ најде волја да даде признание за досега сработеното. Северна Македонија по седењето во чекалната од 15 години, конечно продлжува успешно по европскиот пат. И досега, а отсега уште повеќе од нас самите зависи. Северна Македонија конечно и безусловно ги почнува преговорите“ истакна Димотров.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција по одлуката за отпочнување на преговори со ЕУ истакна дека во ова исклучително тешко време Република Северна Македонија ја доби битката.
„Нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите. Тоа е победа за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите владата, собранието, судството да ги спроведат реформите. Од денес ова го верификуваа и државите членки на ЕУ, рече Спасовски.
Поврзани содржини

Донесена Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност

Димитров: ГОЛЕМА ЛАГА Е дека билатералниот протокол (историските прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес)

Уште три дена замрзнати цени на основните производи, дали следи нов бран поскапувања?

Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година дополнително ќе се разгледува

Одлука за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Општина Радовиш

Димитров за изјавата на Захариева: Ова е скандалозна невистина

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

