Работна средба на градоначалникот Конзулов со заменик министерот Хусејин: Поздравени се реализираните проекти во радовишките турски населени места
Градоначалникот
на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, оствари работна средба со заменик
министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.
На
состанокот се разговараше за состојбата во општината, тековните активности и
унапредување на соработката со министерството во делот за апликација на
проектни грантови.
Градоначалникот
потенцира дека Општина Радовиш бележи напредок и работи на создавање услови за
подобар животен стандард и рамномерен општински развој.
Заеднички
е констатирано дека соработката со турската заедница е подигната на повисоко
ниво и успешно се реализирани многу проекти од областа на инфраструктурата, во
турските населени места.
Во
таа насока е и новиот проект за изградба на водовод во селата Бучим и Тополница
како и изградбата на локалниот пат Супурге-Прналија.
Градоначалнико Конзулов даде и свој коментар во однос на
изјавата на пратеникот од Партијата за движење на турците Енис Ибраим.
„Тој воопшто не ме познава лично, ниту некогаш е разговарал со мене како со градоначалник и јавно го повикувам да избере едно турско населено место и заедно да го посетиме, и да видеме на кого турците во Општина Радовиш, ќе му дадат поддршка. Работите кои треба да си ги завршат на повисоко ниво, тие сакаат без немање проблем да створат проблем во Општина Радовиш, тоа нема да го дозволом“, истакна Конзулов.
Заменикот
министер Енвер Хусејин, искажа балгодарност до градоначалникот за реализираните
проекти и оцени дека со заеднички напори на локалната и централна власт во
блиска иднина ќе се рализираат нови развојни проекти.
Хусеин упати апел до општинската администрација да подготват проекти и да аплицираат, а тој како земник министер ќе се потруди тие да бидат реализрани