Connect with us

Гевгелија

124 лица од персоналот на Општа болница- Гевгелија се пријавиле за вакцина против КОВИД-19

Media Press

Published

on

 За вакцинација против КОВИД-19 од гевгелиската Општа болницасо проширена дејност се пријавиле 124 од 250 од медицинскиот персонал и лекарите.           

 –  Веќе е подготвен тимот за вакцинирање кој ќе го спроведува вакцинирањето за граѓаните од регионот, за кој е надлежна Општа болница од Гевгелија, односно за граѓаните и од општините Богданци и Дојран. Тимот е составен од еден лекар и една медицинска сестра, а определено е и местото и времето каде и кога ќе се изведува вакцинирањето. Со пристигнувањето на првата пратка вакцини преку Министерството за здравство, очекуваме веднаш да го ставиме во функција вакциналниот тим. Пријавените граѓани ќе се вакцинираат во чекалната пред Центарот за дијабетес и тоа во попладневнте часови, после 14 часот, за да не дојде до контакт со редовните пациенти за прегледи на Одделенијата во болницата, истакна директорот на Општа болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев. 

              Досега, на ниво на РСМ биле пријавени 4.000 здравствени работници, од кои околу 2.000 здравствени работници се од Скопје, а останатите се од другите градови. Тие, според Националниот план за имунизација, се во првата фаза. Потоа, следуваат постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години. И, на крај, сите останати заинтересирани за вакцинација.            

 Системот за пријавување за вакцинација против КОВИД-19 е достапен за секој граѓанин на Македонија по електронски пат преку апликацијата vakcine.mk, каде што граѓаните можат да се пријават за вакцинација, оставаат свој контакт телефонски број и електронска адреса за да можат да бидат ставени во системот на „Мој Термин“ и да добијат термин за вакцинација.

              Инаку, од утре започнува вакцинацијата против КОВИД-19 од првата пратка на вакцините од „Фајзер“ од Србија за здравствените работници од Скопје која ќе се спроведува во Модуларната болница во скопскиот Клинички центар.

Гевгелија

75 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 75 прекршоци. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Гевгелија

Поднесена кривична пријава од Царинска управа за фирма од Гевгелија поради неплатена акциза за тутун

Media Press

Published

on

Царинската управа на Република Северна Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“.

„Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150,00 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра.

Имено, се работи за десет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во месец  декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.“ – стои во соопштението на Царинската управа.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.

Continue Reading

Гевгелија

Заев од Гевгелија: Конечно да престанеме со предвремени избори кои ги стопираат економските процеси

Media Press

Published

on

Не е време за предвремени избори, бидејќи тие ја стопираат државата во натамошениот развој и патот кон евроинтеграциите, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали е согласен за предвремени избори заедно со локалните избори на есен како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според Заев приоритетот во наредниот период ќе биде подобрување на стандардот, нови инвестиции и отварање на работни мести, наместо избори кои според него ќе го стопираат економскиот развој.

– Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат ваквите производствени капацитети и севкупната економија. Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува , сите тешки одлуки кои се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отварање на нови работни места. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година“, истакна Заев.

Continue Reading