Македонија
Законскиот рок за откуп на тутун ќе биде продолжен, откако Владата ќе го измени Законот за откуп

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
„Ќе и предложам на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел продолжување на рокот за откуп“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, кој заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија.

Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.
„До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден очекуваме 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа сезона.
Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, јас ќе и предложам на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март. Така ќе добиеме време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Реално гледано, ние и јавно кажавме дека во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп“. Изјави Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како што најави, ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.
Поврзани содржини
Поднесена кривична пријава од Царинска управа за фирма од Гевгелија поради неплатена акциза за тутун
Министерот Хоџа ќе достави предлог до владата да се продолжи рокот за откуп на тутун
Откупните компании со намалена динамика за откуп, тутунарите стравуваат дали ќе биде откупен вишокот на тутун
ВЛАДА: Постигната е согласност за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот на средба со компаниите откупувачи
Министерот Хоџа: Протестите на тутунарите ќе бидат прекинати до петок, закажана е заедничка средба со откупувачите!
Намалена бројката на склучени договори со тутунопроизводителите, количините на тутун ќе бидат помали за околу 4000 тони
Македонија
Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Published
15 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.
Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 66,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 68,00 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,834 (денари/килограм) |
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.
Македонија
Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Published
17 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Македонија
Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Published
4 days agoon
March 5, 2021By
Media Press
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.
„Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .
Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.
„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
