Connect with us

Македонија

На околу 6000 пензионери не им се оди во пензија иако наполниле 64 или 62 години

Media Press

Published

on

Доколку Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој се однесува на промена во делот на престанокот на договорот за вработување врз основа на возраст односно пензионирање бил усвоен пред нова година  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека до крајот на годината би заминале во пензија 6000 граѓани.

 Таа посочи дека законот предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж. Како и дека жените сепак можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја,  согласно  Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Таа потенцираше дека во пакет со Законот за работни односи оди и Законот за административни работници, кој предвидува одење во пензија на 64 години, потоа Законот за здравствена заштита и  Законот за високо образование каде е предвидено продолжување до 67 години, доколку претставуваат дефицитарен кадар. Во однос на приватниот сектор, министерката посочи дека во овој случај станува збор за меѓусебен договор на работодавачот и работникот.

„Анализите на Министерството за труд и социјална политика се дека, доколку Законот беше усвоен пред Нова Година тогаш 4000 работници постари од 64 години ќе одеа во пензија, а 2021 година дополнително уште 2000, што значи до крајот на годината би заминале во пензија 6000 граѓани, потенцираше министерката зборувајќи дека за кондицијата на пензискиот систем нема дилема како и дека ова законско решение нема да има финансиски импликации , со тоа што пензискиот систем по нормален тек ќе ги апсорбира лицата кои се пензионираат.

Македонија

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Media Press

Published

on

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по посетата на граѓаните во општина Ѓорче Петров истакна дека е премногу задоволен благодарен на многу македонски граѓани што дадоа потпис за законот за попис. Тој дополни дека преку 80.000 потписи се соберени за една недела.

„Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.“ – изјави Мисајловски

Continue Reading

Македонија

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.


Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Media Press

Published

on

Mинистерката за образование и наука Мила Царовска заедно со заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари пристуствуваа на средба со претставници на локалната власт во Гостивар, средните стручни училишта и компаниите. 

Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“, заедно со училиштата, општините и компаниите се утврдуваат кои се профилите кои што се потребни на пазарот на труд за да се отворат во учебната 2021/2022 година.

На овој начин овозможуваме поголема вработливост. Но, од друга страна не само што ги усогласуваме профилите и програмите согласно потребите, туку Министерството за образование наука од следната учебна година, ќе стипендира профили кои што се утврдиле како значајни и важни за реалниот сектор преку овие дебати. Очекувам успех и конкурсот кој ќе се објави оваа година и за гимназиите и за средните стручни училишта ќе биде прилагоден на локалните потреби“, изјави Царовска. 

Continue Reading