Македонија
Заев спомна неколку актуелни градоначалници од кои е задоволен и позади кои лично би застанал

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање дали некои од актуелните градоначалници повторно ќе бидат кандидати на локалните избори со одговор.
„Од неколку актуалени градоначалници јас лично како претседател на СДСМ сум целосно задоволен, истакна Заев на денешната прес конференција.
Актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија, се дел од оние од кои претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев е задоволен од резултатите во изминатите четири години.
Но сепак Заев додаде дека секогаш го слушале гласот на народот па така ќе биде и овој пат.
„СДСМ секогаш го слуша гласот на народот и сите што биле добри и служеле добро имаат најголеми шанси повторно да бидат кандидати. Онаму каде што граѓаните не се задоволни ќе има нови. Јас лично ќе застанам зад неколку кандидати, но тоа не значи дека ќе бидат избрани, тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата, ова е само мој личен став“, додаде Заев. Тој уште еднаш ја отфрли идејата за одржување на предвремени избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека тоа нема ништо да смени, а ќе се одрази негативно на економијата.
Поврзани содржини
Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта
Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор и ќе барам одговорност
Заев: Оставив аманет лично да придонесам нечиј живот да биде спасен, со донирање на моите органи
Останува претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети
Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“ во Гевгелија
Заев: Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици
Македонија
Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Published
22 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по посетата на граѓаните во општина Ѓорче Петров истакна дека е премногу задоволен благодарен на многу македонски граѓани што дадоа потпис за законот за попис. Тој дополни дека преку 80.000 потписи се соберени за една недела.
„Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.“ – изјави Мисајловски
Македонија
Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа

Published
23 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Македонија
Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Published
23 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
Mинистерката за образование и наука Мила Царовска заедно со заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари пристуствуваа на средба со претставници на локалната власт во Гостивар, средните стручни училишта и компаниите.
Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“, заедно со училиштата, општините и компаниите се утврдуваат кои се профилите кои што се потребни на пазарот на труд за да се отворат во учебната 2021/2022 година.
„На овој начин овозможуваме поголема вработливост. Но, од друга страна не само што ги усогласуваме профилите и програмите согласно потребите, туку Министерството за образование наука од следната учебна година, ќе стипендира профили кои што се утврдиле како значајни и важни за реалниот сектор преку овие дебати. Очекувам успех и конкурсот кој ќе се објави оваа година и за гимназиите и за средните стручни училишта ќе биде прилагоден на локалните потреби“, изјави Царовска.

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
