Економија

Одбиено барањето за продолжување на роковите за поднесување завршни сметки на сметководителите, бараат преиспитување на одлуката

Рокот за поднесување на завршните сметки нема да се продолжи. Барањето на сметководителите, роковите да бидат продолжени е одбиено од Министерството за економија со образложение дека ќе биде нарушен квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ. Од комората на сметководители бараат институциите итно да ја преиспитаат одлуката бидејќи прецизните и квалитетни податоци се од круцијално значење за точно планирање на расходи и приходи во државниот буџет, а со тоа и навремено сервисирање на доспеани обврски кон граѓаните и правните лица.

„Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. За каков квалитет на статистички податоци зборуваме, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи. Во дописот се вели и дека ова барање за пролонгирање рокови, не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување до надлежните институции во Европската Унија. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови.” – изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

Комората на сметководители бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30.04, а електронски да може да се поднесат до 15.05, наспроти сегашните рокови кои во услови на пандемија кога има заболени лица кои не можат да ја вршат работата за малите и средни субјекти, но и самите претпријатија не можат навремено да ги обезбедат и достават документите поради бариерите од кризата кои реално се видливи на терен секој ден.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago