Струмица

Здружението на граѓани ОБНОВА Глобал Струмица апелира за донации за реконструкција на Глобал

Здружението на граѓани ОБНОВА Глобал Струмица, ги повикува сите правни и физички лица и здруженија, државни институции, органи и единици на локалната самоуправа, да согласно своите финасиски и материјални можности донираат во санирање на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ Глобал Струмица кој беше опожарен на 02 јануари годинава.

„Перичните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на жиро сметка: 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

Средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро повторно пуштање во употреба на ТЦ Глобал Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од соседните општини“, стои во соопштението од претседателот на Здружението Сојан Манев.

Истовремено  Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението, како и со примена на начелата на фер законитост и транспарентост, спроведува постапка пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Македонија, за набавка со јавно наддавање која ќе се спроведе на 13 февруари 2021 година  во 19:30 часот.

Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема, како и за изведување на градежно и градежно – занаетчиски работи во ГТЦ Глобал, Струмица во врска со штетата предизвикани од пожарот.

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писпено барање на email на здружнието: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и за добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат претседателот на здружението Стојан Манев на телефон 075/283 103.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago