Connect with us

Економија

Одбиено барањето за продолжување на роковите за поднесување завршни сметки на сметководителите, бараат преиспитување на одлуката

Avatar

Published

на

Рокот за поднесување на завршните сметки нема да се продолжи. Барањето на сметководителите, роковите да бидат продолжени е одбиено од Министерството за економија со образложение дека ќе биде нарушен квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ. Од комората на сметководители бараат институциите итно да ја преиспитаат одлуката бидејќи прецизните и квалитетни податоци се од круцијално значење за точно планирање на расходи и приходи во државниот буџет, а со тоа и навремено сервисирање на доспеани обврски кон граѓаните и правните лица.

Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. За каков квалитет на статистички податоци зборуваме, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи. Во дописот се вели и дека ова барање за пролонгирање рокови, не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување до надлежните институции во Европската Унија. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови.” – изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

Комората на сметководители бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30.04, а електронски да може да се поднесат до 15.05, наспроти сегашните рокови кои во услови на пандемија кога има заболени лица кои не можат да ја вршат работата за малите и средни субјекти, но и самите претпријатија не можат навремено да ги обезбедат и достават документите поради бариерите од кризата кои реално се видливи на терен секој ден.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе