Регион
Откупните компании со намалена динамика за откуп, тутунарите стравуваат дали ќе биде откупен вишокот на тутун

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Откупот на тутунот според законскиот рок би требало да заврши на 28 февруари, но се очекува истиот да биде продолжен, поради намалената динамика на откуп, бидејќи како што велата тутунарите се уште има вишок на неоткупен тутун.
Досега се откупени над 16 илјади од вкупно 23 илјади тони тутун со склучени договори, или 75 проценти од вкупното производство. За преземање чекаат и околу 4 илјади тони вишок на тутун, кои компаниите ветија дека ќе го преземат иако нема договори за него.
Но, тутнопроизводителите од Општините Радовиш и Конче се жалат дека наместо да ја зголемуваат, откупните комании ја намалуваат динамиката за преземање на родот, се ограничува откупот по број на кутии или до полнење на камионот, поради што се сомневаат дека откупот ќе заврши во законскиот рок, до крајот на февруари, а не се задоволни ниту од проценките и ниските откупни цени. Според тутунарите просечната откупна цена на тутунот е околу 160 денари за килограм што е далеку под просекот во минатата година. На подрачјето на Општините Радовиш и Конче тутун откупуваат десетина компании.
„По катастофален и полош организиран откуп никогаш немало во државата последните 20 години. Секогаш имало тутун со лош квалитет, но организацијата на откупот не било никогаш на вакво ниво“, велат од Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите.
Иницијативниот одбор бара во Собранието да се расправа за состојбите со тутунот, средствата од петтиот пакет мерки за тутунарите да бидат по килограм предаден тутун, останува и барањето за 100 денари субвенции за сите класи, а најавија и дека формираат здружение на тутунопроизводители.
Тутунопроизводителите разочарани и револтирани од годинашниов откуп велат дека за новата реколта ќе го намалат производството на тутун а некои пак размислуваат да ги пакуват куферите и својата егзистенција да ја бараат во странство. Тутунарите во прилепско, денеска пак излегоа на протести, поради незадоволството од откупот на тутун, поради лошата проценка.

Од друга страна пак од Владата информираат дека е усвоена стратегијата за тутун 2021- 2027 година.
Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебни се издвоени: државната помош на земјоделските стопанства, кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; и поддршката за формирање организации на производители.
Поврзани содржини
ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
По триесетина години конечно на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш
Нови технички насоки за квалитетно образование. Ќе се проширува програмата на средното училиште „Коста Сусинов“ со три нови насоки
Ракометарките од ЖРК „Радовиш“ по 15 години се собраа во Спортската сала каде некогаш тренираа и се натпреваруваа
ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Радовиш го започнува процесот за собирање на потписи за поништување на законот за попис
Работна средба на градоначалникот Конзулов со заменик министерот Хусејин: Поздравени се реализираните проекти во радовишките турски населени места
Регион
Регистрирани 373 нови случаи на Ковид-19, во регионот вкупно 333 активни случаи

Published
1 week agoon
February 18, 2021By
Media Press
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Регистрирани се 309 оздравени пациенти од:
Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.
Во регионот има вкупно 5144 позитивно дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата и во моментот има 333 активни случаи
Регион
Опожарен камион со картонски амбалаж во Струмичко

Published
1 week agoon
February 17, 2021By
Media Press
Изутринава во с. Куклиш, Струмичко опожарено е товарно возило натоварено со картонска амбалажа.
Според информациите од ТППЕ Струмица кои учествувале во гаснењето на пожарот со 3 Против Пожарни возила и 9 пожарникари спасители, опожарен е товарниот дел од возилото и самиот товар.
„Денес, (среда) 17.02.2021 година во 06.30 часот во с.Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 9 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено товарно возило полно со картонска амбалажа. Опожарен е товарниот дел од возилото и самиот товар.“ – Стои во објавата на ТППЕ Струмица на нивната официјална фејсбук страница


Регион
Уапсен жител на Стојаково поради сомнение за извршување на разбојништво во казино

Published
1 week agoon
February 17, 2021By
Media Press
Министерството за внатрешни работи известуваат дека е извршен претрес во куќа и помошни простории на на лицето И.А. во населеното место Стојаково по претходно издадена наредба Основен суд Гевгелија.
При претресот пронајдени биле пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис.
Лицето И.А. е уапсено и задржано во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
