Connect with us

Регион

Малолетници од Струмица извршиле 25 кривични дела- разбојништво и кражби, во последните два месеци

Avatar

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе три известувања за шест малолетници (пет од Струмица и еден од с.Просениково, струмичко) поради постоење основи на сомнение дека во текот на јануари и февруари 2021 година извршиле 25 кривични дела на подрачјата на Струмица, Богданци и Гевгелија.

За сторените кривични дела СВР Струмица достави Известување и до Центарот за социјални работи Струмица.


„Малолетниците се осомничени дека сториле 10 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, пет кривични дела „разбојништо“, две кривични дела „тешка кражба со искористување на немоќ или несреќа на друг“ и по едно кривично дело „одземање на моторно возило“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.
Покрај наведените кривични дела, за пет од малолетниците постои основано сомнение дека заедно со Р.Е.(22) од Скопје, кој престојувал во Струмица, извршиле и други шест кривични дела (едно кривично дело „разбојништво“, три кривични дела „одземање на моторно возило“ и две кривични дела „тешка кражба“).
За еден од малолетниците, од страна на Основен суд Струмица е доставен упатен акт и тој бил пренесен во Воспитен дом Тетово“, соопштуваат од СВР Струмица.

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе