Connect with us

Македонија

Заев објави што се планира да содржи петтиот сет економски мерки

Avatar

Published

на

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на вчерашната седница во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и стопанството.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече премиерот Заев.

Тој оцени дека досегашните 4 пакети економски мерки дадоа ефикасни резултати и дека ќе се продолжи со помошта кон најсиромашните.

„Во прва фаза помогнавме активни баратели на работа невработени лица, помогнавме вработени со приходи до 15.000 денари, приматели на социјална помош и многу други категории на сиромашни граѓани. Во последната фаза или 4 пакет мерки помогнавме на пензионерите, на самохраните родители, на пасивните баратели на работа и генерално се покриени граѓаните кои се најсиромашни. Се обидуваме да таргетираме како да продолжиме да ги помагаме најсиромашните и тука ќе биде димензиониран вториот сегмент од петтиот пакет“, додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, најави и поддршка за економијата.

„Најмногу барања имаме за платата, 14.500 или 21.700, да продолжи, но дефинитивно постојат различни предуслови што ќе ги земеме предвид и ќе ги разгледаме во делот на платите. Ако помагаме за март, тој март треба да го споредиме со 2020 година, а тогаш беше почетокот на кризата, април сите знаеме лани што се случуваше. 2021 година очекуваме да биде рестарт, завршување на пандемијата и да се вратат во профит самите компании, кога ќе се вратат треба да модифицираме како да ги мотивираме во делот на нивната профитабилност, раст на обем на работа, нови работни места да отворат и слично и затоа ќе предложиме еден пакет преку Банката за поддршка на развојот, со грантова шема, да дадеме бескаматни кредити, каде што ќе поттикнеме да покажат позитивен успех на крајот на 2021 година. Тоа значи ако дадеме 10.000 евра грант ќе продуцираме да покажат позитивен успех во 2021, за да мотивираме развој и во државата и тие да бидат дополнително мотивирани, ако покажат посилен успех, ќе дадеме грант од 20, 30, 40% од самиот бескаматен кредит“, соопшти премиерот Заев.

Тој најави и помош за во угостителската дејност, транспортот, на тутунарите, медиумите. 

„Ги таргетираме хотелите надвор од туристичките места. Тие хотели коишто беа во туристичките места со ваучерите со картичките, со она што значеше 6.000 денари помош на граѓаните на сметка беа помогнати и навистина туристичката сезона некако ја поминаа, имајќи предвид дека сепак е пандемија за сите. Но, хотелите надвор од туристичките места, тоа е главниот град, во внатрешноста навистина беа затворени или минимум присутни, сакаме да дадеме грантови или одредени мерки, иако дел од економските министри се да имаме мотивирачки мерки. За тутунот ќе имаме сигурно мерка оваа година и верувам дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменикот и неговиот тим навистина ќе искреираат убав пакет како да помогнеме, оти последици меѓу другото на КОВИД-19 се и пониските откупни цени од последните три години. Тоа е нашиот народ, огромен број население живее од тоа и тука ќе имаме сигурно разработена мерка. Медиумите се директно погодени, плаќаат 49 милиони и 500 илјади сите 118 или 138 медиуми. Цел на Владата е, без да има било какви интеракции со медиумите, да помогне кај АВМУ, а АВМУ ако може да ги ослободи медиумите од таа концесија, тоа купче од 50 милиони денари за сите медиуми, да помогнеме. Ги разгледуваме можностите за терестеријалната такса која што плаќаат кон АЕК, тоа е регулаторно тело, мора да се разговара да се види што може тука да се помогне“, дополни премиерот Заев.

„Ќе продолжиме да помагаме, Владата и Парламентот постојат за граѓаните и се надеваме дека и петтиот пакет мерки ќе даде резултат“, рече премиерот Зоран Заев, во одговорот на пратеничкото прашање околу планираниот петтиот сет економски мерки.  

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе