Македонија
(Видео) Прес конференција на политичката партија ИНТЕГРА во однос на претстојниот попис -„Со пребројување до разнебитување“
Објавено на
Од
Media PressПолитичката партија ИНТЕГРА – Македонска Конзервативна партија денеска одржа прес конференција на тема: Aктуелни политички случувања со посебен осврт на пописот на население во Р.Македонија – Безбеден процес за попис на население во Р.Македонија, или попишување до разнебитување.
На прес конференцијата свои излагања на овие теми имаа: Претседателот на ИНТЕГРА, д-р Љупчо Ристовски и Виолета Арсовска, член на Претседателство на ИНТЕГРА со експертиза во Статистика.
Целта на оваа прес конференција како што рекоа е покрај сите критички точки на пописот и понудување на решение, односно Интегра да понуди и решенија како да се спроведе оваа статистичка операција.
Откако со европско знаменце и со зелено светло од претседателот Пендаровски беше изгласан законот за попис Интегра тргнува со авантура наречена „Со пребројување до разнебитување“.
Поврзани содржини

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20% употреба на албанскиот јазик, со што се гасне унитарниот карактер на Македонија

ИНТЕГРА застанува против донесувањето на Предлог – Законот за родова еднаквост

По објавувањето на податоците, реакции од политичките партии: Пописот е нокомплетен и неуспешен

Од резидентното население Македонци 58,48 отсто од граѓаните, Албанци 24,3 отсто

Пиписот во завршна фаза, сè уште неизвесно дали ќе биде продолжен

Непопишаните да го посетат пописниот пункт во поранешниот факултет во Радовиш, во седиштето на пописната комисија

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

