Connect with us

Македонија

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски,  бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

„ Пописот е основен планиран економски развој на земјата, за напредок.Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари. Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најголемата статистика операција е политички договор. Велат дека се за попис, но електронски. Од таму додаваат дека на брутален начин се искористило европското знаменце и дека Пендаровски знае, оти нема време да се спроведе пописот а сепак го потпиша Указот.

„Во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми“, вели лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во РС Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Continue Reading

Македонија

Потпишани мемoрандуми за соработка на МЗШВ, со врвни научни инситуции, за градење на систем за производство и безбедност на храна

Media Press

Published

on

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа мемoрандуми за соработка.

На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции.

„Едукацијата на земјоделците е една од моите цели, за која јас лично се залагам, знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава. Сите држави со развиен земјоделски сектор, својот развој и го  должат токму на развојот на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците“ изјави министерот Хоџа.

Тој воедно им се заблагодари на сите колеги од министерството кои беа вклучени во процесот на креирање на Програмата за рурален развој за 2021 година, кои дадоа свој придонес во креирањеро на мерката за поддршка на научните истражувања.

Преку Програмата за рурален развој,  обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес. При креирањето на оваа мерка МЗШВ се водеше од потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза.  Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

Потпишани беа меморандуми за соработка со четири научни институции:

– Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;

– Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје;

– Факултет за прехранбена технологија и храна – Тетово и

– Технолошко технички факултет – Велес.

Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.

Continue Reading

Македонија

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење маска

Media Press

Published

on

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading