Connect with us

Култура

Обраќање на претседателот Пендаровски на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, преку видео-порака се обрати на отворањето на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што се одржува онлајн, во рамки на одбележувањето на едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, претседателот Пендаровски изрази задоволство од предвидените настани и програмски содржини, посакувајќи им успешна работа на учесниците на школата.

„Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е уште поголемо, што овој настан се одвива токму во годината во која одбележуваме едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески. Впрочем, 2021-та  ја прогласивме за година во чест на Блаже Конески и сите релевантни институции од областа на културата, науката и образованието ќе бидат вклучени во реализација на активности и проекти поврзани со оваа значајна годишнина.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, импресиониран сум од сите предвидени настани и програмски содржини. Се радувам што токму преку првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чии рамки е и Филолошкиот факултет кој го носи името на Блаже Конески, практично прв започнува со активности за одбележување на големиот јубилеј.

Почитувани,

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик академик Конески ја заслужува најголемата почит и благодарност. Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот. Затоа големо благодарам  на сите досегашни учесници за посветеноста и за придонесот за поширока меѓународна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Согласно актуелната ситуација со пандемијата, како и во случајот со минатогодишната летна школа така и сега сите настани се онлајн. Се надевам дека наскоро по започнување на процесот на вакцинирање,  човештвото, во целина, ќе излезе како победник во борбата со Ковид 19 и полека ќе се вратиме на нормалното секојдневие, така што, следната школа ќе може, согласно традицијата, да биде одржана во Охрид со физичко присуство на сите учесници.

Уште еднаш Ви честитам на желбата да бидете дел од првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и во наредните десет денови додека трае школата ви посакувам успешна работа“, стои во обраќањето на претседателот Пендаровски.

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading

Култура

Струмичкиот карневал ќе се одржи според планираната програма

Media Press

Published

on

Струмичкиот карневал ќе се одржи според планираната програма и за сега не е предвидено негово откажување.

Ова вечерва го соопшти претседателот на карневалскиот одбор Александар Цицимов кој информираше дека ги следат препораките на надлежните државни служби и се однесуваат согласно истите. 

Од странските гости своето учество го откажала само една група од соседна Србија. Се работи за ученици, а откажувањето дошло откако на ниво на училиште било одлучено да не се патува на екскурзии надвор од нивната држава.

Сите останати групи кои претходно го најавиле нивното учество се очекува во сабота да бидат дел од големата карневалска поворка.

Continue Reading

Култура

Предаден клучот на градот во рацете на карневалските претставници

Media Press

Published

on

Градоначалникот Коста Јаневски вечерва во центарот за култура „Антон Панов“ му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов и со тоа започнаа годинашните карневалски празнувања со кои се одбележуваат и 30 години од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал.
– Од многуте специфични белези на овој град, што ја прават Струмица – Ѕвезда под небото и привлечна за луѓето од земјата и светот, без никакво сомнение, еден од највпечатливите заштитни знаци е Струмичкиот карневал, како неколкувековна традиција која успеала да опстои во времето и просторот се до денешни дни.

За нашиот карневал веќе пооддамна се знае на Балканот, во Европа и светот, па како таков неслучајно е високо позициониран на карневалската мапа, составена од бројни европски и светски карневалски градови.

Тоа го прави Струмичкиот карневал, бренд во брендот, а еден таков редок бренд треба да се чува, негува и надградува. Особено се радувам, како што впрочем се радуваат и сите струмичани, што годинава славиме вреден и значаен јубилеј – 30 години од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал.

Честитки за овој јубилеј заслужуваат сите кои карневалот го чувствуваат за свој, особено оние кои директно или индиректно поминале низ овој карневал во овие изминати три децении, рече во своето обраќање градоначалникот Јаневски.

Continue Reading