Connect with us

Економија

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Економија

Од денес се исплаќаат средствата за социјална, детска и цивилна заштита

Media Press

Published

on

Од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Сите корисници на парични средства што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подиграт готовина од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство од денес.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ  
  • 05.03.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Continue Reading

Економија

Издадена осмата еврообврзница со каматна стапка од 1,625%

Media Press

Published

on

Издадена осмата по ред еврообврзница од страна на Министерството за финансии. Оваа еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рок од 7 години и има најниска каматна стапка од 1,625%.

Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.

„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска.“ – стои во соопштението на министерството за економија

Македонија претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.“Издадена осмата еврообврзница по историски најниска каматна стапка од 1,625%

Continue Reading

Економија

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи

Continue Reading