Connect with us

Радовиш

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Media Press

Published

on

Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.

„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Continue Reading

Радовиш

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

 Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои  што живеат во оваа населба по околу триесетина години,  велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

 Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности  и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов  вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните  улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

 Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.

 Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки  да се надминат.

Continue Reading

Радовиш

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Media Press

Published

on

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост,  финансиран од австрискиот и од швајцарскиот црвен крст. Со цел запознавање со проектот денеска беше одржан состанок   во просториите на Општина Радовиш, а во организација на Црвен крст од Радовиш. 

На истиот присуствуваа градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, реководителот на центарот за социјални работи од Радовиш и претставници од здруженијата на слепи лица и лица со телесен инвалидитет Мобилност. 

На состанокот секретарот на  Црвен крст Верица Беќарова, ги запозна присутните за самата идеја и целта на проектот, и ги повика заинтересираните лица да аплицираат и да се вклучат во обуката за негувател, но и да и помогнат на оние на кои им е потребно.

Проектот ќе се спроведува во соработка со ОО на црвен крст од Струмица. Секретар на ОО на Црвен Крст од Струмица Маријана Тошева појасни околу самиот проект и колку обучени лица во регионот, во  моментот се ангажирани да им им даваат услуга на слепите и лица со попреченост.

Користењето на ваквите услуги е целосно бесплатно за корисникот и се покрива од Центарот за соијална работа. Ќе постојат два основни вида на помош,  асистенција на слепи лица  и лица со телесен инвалидитет до 65 години и негуватели.

Социјалниот работник при ОО на црвен крст струмица и координатор на обуки рече дека досега се спроведени две успешни обуки.

Двајцата градоначалници дадоа поддршка на ваквиот проект и се ставија на располагање на црвениот крст.

Конкурсот е веќе објавен  и можат да аплицираат лица над 18 години најдоцна до 01 март, потоа ќе бидат повикани на индивидуално интервју на 04 март во просториите на ОО на црвен крст во Радовиш.

Поддршка на проектот даде и раководителот на ЦСР во Радовиш Драги Димитриев, кој рече дека досега многупати имале барања до центарот, за пружење на ваков вид на услуга.

Continue Reading