Радовиш
Од денеска започна второто полугодие од оваа учебна година
Published
3 години agoна
By
Media PressВо двете ООУ Никола Карев и Крсте Петков Мисирков во Радовиш, наставата започна успешно. Како што велат директорите на овие училишта вообичаено учениците биле пречекани во затоплени простории, подготвени за настава. Во централните училишта учениците од 1 до 3 одделение настава посетуват со физичко присуство а од 4 до 9 оделение онлајн. Во подрачните училишта наставата се одвива со физично присуство за учениците од 1 до 5 одделение.
Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми. Тие бараат намалување на бројот на предмети во државна матура и како што најавуваат бојкотот ќе трае една недела.
Поврзани содржини
Од денеска започна второто полугодие од оваа учебна година
Од денеска започна второто полугодие, учениците се вратија во училишните клупи
Потврдено, второто полугодие започнува на 1 февруари, вторник
Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари
Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности
СОУ Коста Сусинов од Радовиш поднесе барање за настава со физичко присуство
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.