Економија
Димовски: Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци

Published
2 months agoon
By
Media Press
Една минимална плата, работникот заработува за леб и вода истакна Дарко Димовски, Претседател на ССМ.
Димовски потенцира дека две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија, резултатите покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.
Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расне што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Така, во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар.
Од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци, односно ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар, веќе во ноември за подмирување на основните потреби му биле потребни 951 денар повеќе.
Оттаму посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.
Синдикалната минимална кошница ја изработуваме за оние што говорат дека не треба покачување на минималната плата за да им биде појасно дека со минимална плата работникот заработува само за леб и вода, истакнуваат од ССМ.
Поврзани содржини
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
3 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи
Економија
УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Published
4 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.
За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.
За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.
Економија
Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Published
6 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.
Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово – во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата
