Сопствените приходите на општините во државава во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18 отсто споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари или околу 24,6 милиони евра. Ова го покажа студијата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) во која се дава преглед на импликациите врз јавните финансии на единиците на локалната самоуправа во првите три квартали од 2020 година.
„Сопствените приходите на општините во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18% споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари (или 24,6 милиони евра). Падот на приходите е предизвикан од пад на прибраните приходи од даноци на имот, даноци од специфични услуги и вршење на дејност.“ – пишува во студијата на Центарот за економски анализи (ЦЕА)
И покрај ефектите од Ковид-19 врз финансиите на општините, сите општини во РСМ, немаат дополнителна потреба за задолжување поради значителните заштеди од нереализираните капиталните расходи од капиталните планови на општините.
Значително пониска е реалиацијата на капиталните расходи. Доколку до крајот на годината се одржи трендот на реализацијата на буџетите на кумулативно ниво, општините можат да се соочат со пониски сопствени приходи од околу 1,8 милијарди денари (или 3,8% од вкупните планираните приходи), како и пониски расходи од 2,08 милијарди денари (или 4,4% од вкупно планираните расходи) поради ниската реализација и на капиталните инвестиции но, и на тековни расходи. Реализираните капиталните расходи се намалиле за 19% споредено со претходната година во првите три квартали.
Општините во РСМ се силно зависни од трансферите од централно ниво, кои учествуваат со повеќе од половина во вкупните приходи на општините. Вкупните трансфери од централно ниво во вкупните приходи на општините во 2019 учествуваат со 60%, во 2018 со 64%, во 2017 со 62%.