Денеска се празнуват два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица
Денеска православната црква празнува два празника
Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските
закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот
каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето
на Господ Исус Христос
Овој
празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој
народто му дава поголемо значење и е
попозната како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој
повод во црковниот храм Св.Троица
денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.
Свети Василиј
Велики е христијански светец, теолог и епископ
од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како
голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и
столб на Црквата. Како светец бил прогласен по неговата смрт.
Уште мал се стекнал со образование, примил
свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му
завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина
каде што останал до смртта на владиката.
Потоа се вратил и бил поставен за владика,
направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како
пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.
Свети Василиј Велики се
упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките
на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и
Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.
Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска
традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне
паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова
година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга
храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат
староградски и народни песни до рано
изутрина.
Оваа традиција во Радовиш и околните населени
места се негува со децении. Според православната црква Василичарските
огнови и маски, се сметат како наследство од предхристијанството
и се пагански обичаи. Годинава поради пандемијата со корона вирусот ваквите
василичарски огнови и групирања на луѓе, не беа дозволени.