Радовиш
Денеска се празнуват два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица
Published
3 години agoна
By
Media PressДенеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос
Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народто му дава поголемо значење и е попозната како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.
Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Како светец бил прогласен по неговата смрт.
Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.
Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.
Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.
Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски и народни песни до рано изутрина.
Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски, се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи. Годинава поради пандемијата со корона вирусот ваквите василичарски огнови и групирања на луѓе, не беа дозволени.
Радовиш
Пријава во полиција за физички напад во казино во Радовиш
Published
1 час agoна
март 19, 2024By
Media PressВчера околу 21 часот радовишанец пријавило во ПС Радовиш дека бил физички нападнат од друго лице во казино во Радовиш.
„На 18.03.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Б.(30) од Радовиш пријавил дека во казино во Радовиш бил физички нападнат од А.К. од Радовиш“ соопштува СВР Струмица ПС Радовиш.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Радовиш
Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш
Published
23 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressОтворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од тримесечниот ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш. Изложбата беше организирина во саботата во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.
Ова е втора година по ред како се организира ваков курс со поддршка на Општина Радовиш, а во органзиација на друштвото на ликовни уметници Рада, со цел подучување и негување на уметноста кај младите и талентирани ученици.
Во присуство на нивните родители им беа додлени сертификати за завршен прв и втор курс.
Изложбата ќе биде отворен во наредните десетина дена после 17 часот, а потоа учениците ќе можат да си ги подигнат сликите, рече Душан Коцев претседател на ДЛУР – Рада од Радовиш, кој заедно со Крсте Тарабунов, ги држеа часовите по уметност на младите уметници.
Градоначалникот Ацо Ристов им честита за добиените сертификати и им посака успех и понатаму да ја негуваат уметноста.
Радовиш
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Published
5 дена agoна
март 14, 2024By
Media PressВо сабота 16.03 со почеток од 9:30 семејството на Сандра Дејановска Крстев, организира добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”. Семејството ги повикува сите добронамерни граѓани да се вклучат во маратонот, билетите за учество веќе се пуштени во продажба, а можат и да се купат и на самиот почеток на маратонот во сабота. Билетите се по цена од 200 денари.
Сандра Дејановска Крстев е наша сограѓанка кој боледува од редок вид на канцер, таа моментално е на лекување во Турција. Лекувањето е долго и макотрпно, семејството се надева на големата животна победа на Сандра. Сите ние можеме да се вклучиме. Маратонот почнува пред Спортската сала 25 мај во Радовиш, и продолжува по булеварот Александар Македонски.