Македонија
Во последните седум дена инспекциските служби извршиле 2.608 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти
Објавено на
Од
Media Press
Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари годинава, од страна на седумте инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите. При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.
Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, изврши 1.789 контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.
Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕДво истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.
Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.
Поврзани содржини

Минатата недела инспекторите извршиле 5.228 контроли и надзори, затворени се шест угостителски објекти

Над 6000 вонредни инспекциски надзори во државата се извршени во овој период

Над шеесетина трговци ја намалиле зголемената цена на лимоните

191 – Отворена бесплатна линија за пријавување на неправилности

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

